Случај Насев: Собирал пари за да ги вработи

Од:

Бобан Насев сопственикот на порталот Комуникација.мк е уапсен поради неколкуте измами во кои се претставувал како висок функционер во неколку министерства при што собирал пари од граѓаните со ветување дека ќе ги вработи или дека ќе добијат социјален стан. Го пријавиле граѓаните кои во овој случај се претставени како оштетени, зашто давале пари на рака да бидат вработени во државни институции.

На овој начин тој собрал 21.000 евра од пет лица, во периодот од 2007 до минатата година.

Насев на девојка од Радовиш и собрал 5000 евра за да ја вработи во министерство. Успеал да ја излаже откако и се претставил како близок пријател на минстерот за информатичко општество. Парите му биле исплатени во повеќе наврати минатата година.

Скопјанец наседнал на приказната дека Насев е потпретседател на кадровата комисија во Министерстовото за надворешни работи и на ветувањето дека ке му помогне да го вработи во истото министерство, а неговата сопруга во Народна Банка на РМ, за што му зел надомест од 10.000 евра. Насев за да биде поубедлив во измамата на сопружниците им покажал лажни факти: една плакета од Народна Банка на РМ која наводно му била врачена од Гувернерот за заслуга, значка – легитимација со негови генерали и слика која му била дадена како припадник на НАТО.

На штипјанец му се претставил како шеф на кабинет во Министерство за транспорт и врски и за да го вработи како негов личен возач му побарал 1.500 евра. Штипјанецот во два наврати во текот на декември 2010 година му дал вкупно 1.000 евра.

На маж и жена од Скопје и Штип им ветил социјален стан, претставувајќи им се како висок државен функционер. Му дале 3.500 евра и 5.000 евра, а жената му купила и лап топ и мобилен телефон во вредност од 2.500 евра.

Сите прелажани вчера кога бил приведен го препознале Насев како човекот што им земал пари за да ги вработи или пак да им овозможи да добијат социјален стан. Тој доби притвор од 30 дена, а од полицијата информираат дека досега му се поднесени над дваесетина кривични пријави за истото кривично дело и дека и претходно му се изрекувани затворски казни.

Би можело да ве интересира

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он