Србите преку Брисел дознаа дека нивните власти му вовеле санкции на Лукашенко

Од:

Српските власти до попладнево сѐ уште немаа коментар на информацијата која ја откри Брисел, кога ѝ се заблагодари на српската влада за поддршката во санкциите кои Европската унија ги воведе кон белоруските власти и претседателот Александар Лукашенко.

Шефот на српската држава Александар Вучиќ повеќепати изјавуваше дека Белорусија ја смета за пријателска земја и се среќаваше со Лукашенко. Веста за санкциите доаѓа само неколку дена откако армиите на двете земји ја завршија заедничката вежба која започна на 8 јуни.

ЕУ денеска ја поздрави одлуката на Србија да им се придружи на рестриктивните мерки кои Брисел ги воведува поради апсењето на опозицискиот блогер Роман Петрашевич, чиј авион Белорусија го приземји во Минск при прелет над земјата, за да го приведе.

Санкциите главно се однесуваат на забрана за прелети преку белоруска територија и за пристапот на белоруските авиокомпании кон европските аеродроми.

Поранешни дипломати за српските медиуми коментираат дека одлуката на Белград да се приклуи кон санкциите на ЕУ е очекувана, затоа што Србија е земја кандидат за членство во ЕУ, па порано или подоцна мора да ја усогласи надворешната политика со онаа на Брисел.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он