Групна ноќна тепачка на паркинг во Куманово

Од:

Рано утрово околу 4:30 часот полицијата уапсила четворица учесници во тепачка која се случила на паринг пред угостителски објект во Куманово, соопшто полицијата, додавајќи дека еден од учесниците физички нападнал и полицаец кој дошол да интервенира.

„На 21.06.2021 околу 04.30 часот на паркинг пред угостителски објект во Куманово од полициски службеници од СВР Куманово биле приведени Б.К.(25) од с.Кучкарево, Ф.В.(21) од Скопје, А.А.(23) и И.С.(22), двајцата од Куманово, бидејќи откако Б.К. физички го нападнал Д.М.(21) од Скопје, приведените го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, а Б.К. агресивно се однесувал и физички нападнал и полициски службеник кој вршел службени дејства. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Скопјанка (28) заврши во болница – свекрвата насилно ја извади од возилото и ја турна на земја

А1он

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он