Карл Билд: ЕУ не смее да застане поради избори во Германија

Од:

Шведскиот државен врв изрази задоволство по донесувањето на одлуката на ЕУ-самитот за отворање на пристапни прегови со Србија, јави дописникот на МИА од Гетебпрг.

– Добро е што се одржуваат избори во Германија. Но тоа не би требало да биде изговор за во меѓувреме да бидат одложени сите други прашања во Европа, изјави шефот на шведската дипломатија Карл Билд.

Условувањето на одлуката за започнување на пристапните преговори најдоцна во јануари в година, со тоа што Германија инсистира Европскиот совет во декември уште еднаш да ја потврди одлуката, откако ќе се увери дека договорот за нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина е целосно спроведен, според шведскиот премиер Фредрик Раинфелд не претставува вообичаен начин на донесување одлуки во рамки на ЕУ.

– Но во исто време тоа е огромен напредок да се постигне единство во прифаќањето на препораката за преговори за членство со Србија, потенцира шведскиот премиер Раинфелд.

Тој укажува дека е мошне добро познато какви се состојбите околу ова прашање, односно дека условувањето на одлуката беше претпоставка за добивање поддршка во Бундестагот.

– Јас го толкувам тоа како отворање на патот за Германија да ја прифати одлуката за почеток на пристапни преговори со Србија, вели Фредрик Раинфелд.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски