МВР со детали за сообраќајката во која загинаа две лица

Од:

Две лица загинаа вчера во сообраќајната несреќа што се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на населбата „Три чешми“.

Според деталите од полицијата, во несреќата учествувале возило „тојота корола“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот А.И. од Битола и патничко возило „хонда ЦВ“, со велешки регистарски ознаки, управувано од 40-годишниот А.М. од Велес.

Од екипа на Итна медицинска помош кај двајцата возачи била констатирана смрт на местото на незгодата.

Во незгодата со повреди се здобил и сопатникот од возилото „тојота корола“, 30-годишниот Б.К. од Кочани, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип и Јавен обвинител, по чија наредба телата на почнатите биле дадени на обдукција.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски