(ВИДЕО) Митева: Набавката на садници за 9.5 милиони денари е доказ за начинот на кој се празни касата на Град Скопје

Од:

Рамковната спогодба за набавка на садници која изнесува 9,5 милиони денари е уште еден доказ за начинот на кој се празни буџетската каса на Град Скопје, обвинува Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Листата на цени изгледа вака: зимзелените садници имаат единечна цена од 10.000, декоративните садници цена од 24.000 денари, а дрворедните садници цена од 25.000 денари. Позади мене се садници кои се поставени пред околу 30 дена, а како што може да видите сите се исушени. Огромен е парадоксот што како граѓани сме обврзани да плаќаме нов надомест за одржување на јавни површини, а за возврат добиваме уништено зеленило во градското подрачје. Поради лошото менаџирање на Шилегов, Град Скопје доживува четиригодишна стагнација, а парите се потрошени во празни проекти“, кажа Митева.

Според нејзини информации, многу од набавените садници не биле во согласност со димензиите од техничката спецификација па неколку од нив биле вратени на добавувачот.

„И повторно го прашуваме Шилегов зошто во централното градско подрачје се уништени здрави дрва, додека други над 50 дрва кои претставуваат вистинска опасност за граѓаните не се отстранети иако за истите има уредна документација. Драги скопјани, охрабрувачки е што знаеме дека влегуваме во последните месеци од власт на Шилегов. Град Скопје има огромен потенцијал да се развива и напредува, а на нас останува да ги решаваме проблемите. Најдоброто за нашите општини е што поскоро да замине Шилегов, да замине СДСМ“, додава Митева.

Би можело да ве интересира

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ бара обвинителот Коцевски да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот

СДСМ не може да најде кандидат за градоначалник на Скопје, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Пожарите околу Скопје беа органзирана акција