Албанија обезбеди бесплатни брзи тестови за туристите, ако се пожалат дека имаат симптоми на коронавирус

Од:

Освен што нема никакви ограничувања за влез во земјата, Албанија, за сите туристи кои одлучиле да одмораат на нејзиното крајбрежје и другите туристички места, обезбеди бесплатни брзи тестови во случај на појава на симптоми на Ковид-19.

Министерката за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу информираше дека почнале да функционираат 29 здравствени амбуланти каде 24 часа се достапни здравствени услуги, како и бесплатни тестови за секој сомнителен случај.

-Во секоја летна здравствена амбуланта во крајбрежните и планинските туристички области, се нуди 24-часовна услуга за секоја итна медицинска помош, како и бесплатен брз тест, за секој случај за кој постои сомневање за Ковид-19. Во случај на појава на некој од симптомите, одете во најблиската здравствена амбуланта. Заедно, да го ограничиме ширењето на коронавирусот, за безбедна туристичка сезона, напиша Манастирлиу во објава на Фејсбук. На располагање е и бесплатниот телефонски број 127.

Во меѓувреме во земјата продолжува процесот на имунизација, а епидемиолошката состојба е стабилна.

Четири дена по ред нема починат како последица од Ковид-19, бројот на заразени е минимален, односно вчера имаше само четири нови случаи, од направени 2771 тест, активни на болеста се 124 од кои болнички се лекуваат само седум пациенти.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски