Со камион се прегазени двајца учесници на Парадата на гордоста во Мајами, која се одржа вчера. Едниот од прегазените почина, додека другиот е тешко повреден, соопшти тамошната полиција.
Two people were hit by a truck at the start of the Stonewall Pride Parade. Please keep them and their loved ones in your prayers. pic.twitter.com/EF8InAl3Y3
— Christine Hunschofsky (@CHunschofsky) June 20, 2021
„Двајцата беа пренесени во медицинскиот центар Бродвеј, каде едниот им подлегна на повредите“, изјави детективот на Форт Лодердејл, Али Адамсон, на прес-конференција, изразувајќи доверба, заснована на медицински извештаи, дека другата жртва ќе преживее, објави Си-Ен-Ен.
На истрагата работи ФБИ, но не се открива дали инцидентот бил намерно испровоциран. Детективот Адамсон вели дека се проценуваат сите опции.
Видеото од локалната телевизија ВПЛГ (WPLG), што го прикажа Си-Ен-Ен веднаш по инцидентот, покажува како едно машко лице е приведено, но Адамсон не сакаше да потврди дали станува збор за осомничениот во несреќата.