Варшава ги обвини Русите за голем хакерски напад врз полската влада

Од:

Големиот хакерски напад, насочен кон високи полски политичари, кој се случи на почетокот на оваа година, е извршен од страна на Русија, изјави Јарослав Качински, лидерот на владејачката десничарска партија во Полска.

– Анализата на нашите служби и тајните служби на нашите сојузници ни овозможува недвосмислено да кажеме дека нападот е извршен од територијата на Руската Федерација. Неговиот обем е огромен, истакна Качински, додавајќи дека се засегнати „високи министри“.

Шефот на владејачката Право и правда и вицепремиер одговорен за безбедносниот блок изјави дека „високи полски функционери, министри и пратеници од различни политички сили биле мета на нападот“.

Во вторникот, полските власти соопштија дека земјата била подложена на голем хакерски напад. Премиерот Матеуш Моравецки свика затворена седница.

Пред неколку дена, шефот на кабинетот на премиерот на Полска, Михал Дворчик потврди дека е извршен хакерски напад на неговата електронска пошта. Голем број медиуми објавија дека како резултат на хакирање, напаѓачите добиле пристап до класифицирани документи.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот