Некој го украл „Кладивото на Крале Марко“ – дрвена топка тешка 150 кила, од сред центар на Белград

Од:

Скулптурата „Кладивото на Крале Марко“ на српскиот вајар Јово Петијевиќ, која била поставена во пешачката улица „Кнез Михаилова“ во центарот на Белград во чест на претстојните Олимписки игри во Тoкио, е украдена по само неколку дена по поставувањето, јавија српските медиуми.

Авторот Петријевиќ вели дека не знае кој би можел да биде крадецот на 150 килограми тешката дрвена кугла и како успеал да ја однесе, но додава дека кражбата му била најавена нему лично, во телефонски разговор.

„Вечерта откако го гледав мечот на Новак Ѓоковиќ, седев во собата и заѕвони телефонот, а личност која се јави, на многу примитивен начин ми кажа дека ќе ја однесе скулптурата. Утрото не можев да спијам, па отидов да проверам. Не можев да верувам дека навистина ја нема и веднаш, по дождот, отидов да го пријавам исчезнувањето на делото,“ вели Петијевиќ за „Политика“.

Вајарот се прашува на кого му пречела топката и што било спорно во делото кое предизвикувало големо внимание кај минувачите, а авторот видел и како едно дете се оттргнува од рацете на мајка му и пришло да го бакне „кладивото“.

„Тоа беше подарок на граѓаните на Белград и мој подарок како автор, за Олимписките игри. Наш поздрав за тоа натпреварување. Од Заводот за заштита на споменици барав дозвола кладивото да го поставам во „Кнез Михаилова“ еден месец и планирав да побарам продолжување и таа таму да остане до почетокот на Олимпијадата. Кога веќе ние не можеме да отпатуваме таму, можеме да им испратиме поздрави,“ ја објаснува Петијевиќ симболиката на неговото дело.

Тој вели дека „кладивото“ го изработил пред дваесет години, а тоа долго стоело пред неговата зграда, без никој да го допре. Големата кугла е направена од најстарото пресечено дабово дрво во белградскиот парк Кошутњак, вели авторот, кој додава дека крадецот можеби ја украл скулптурата поради пари и не ни знаел што направил.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија