(ВИДЕО) Попов: Потпишани договори за 23 проекти финансирани од ТАВ во вредност од 9,9 милиони евра

Од:

„Инвестициите во инфраструктурата и подобрување на условите за живот на локално ниво, за подобар живот на граѓаните, за нови вработувања и економски развој, се врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев.

Со прераспределба на средствата од ТАВ кои беа предвидени за изградба на карго аеродром во Штип, во висина од 35 милиони евра, се финансираат 99 проекти во вкупно 75 општини, во сите плански региони“, рече Мартин Попов, организационен секретар на СДСМ.

„Веќе се потпишани договорите и доделени се средства за проекти во 23 општини во вкупна вредност од 9,9 милиони евра.

Општините Бутел, Прилеп, Шуто Оризари, Крива Паланка, Валандово, Струмица, Делчево, Липково, Тетово, Чаир, Сарај, , Карпош, Неготино се само дел од 23те општини кои веќе ги потпишаа договорите и влегуваат во реализација на проектите.

Средствата се наменети за изградба на водоводни мрежи, фекална и атмосферска канализација, реконструкција на локални патишта, основни училишта, детски градинки и други проекти важни за развој на општините.

Преку одговорен пристап инвестираме во капитални проекти кои обезбедуваат локален економски раст и рамномерен регионален развој, проекти кои го унапредуваат квалитетот на живот во сите општини.

Како одговорна, државотворна партија остануваме посветени на мерки и политики што се во интерес на граѓаните и државата.

Затоа со право велиме дека СДСМ го има најдоброто за секоја општина, најдоброто за државата“, изјави Мартин Попов, организационен секретар на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: На 8 мај гласајте за напредок, стабилност и за европска иднина на државата

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на осми мај, се одлучува за иднината

Горан Наумовски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он