(ВИДЕО) Средба Заев-Борисов: Ако не најдеме решение – генерации Бугари и Македонци ќе се мразат едни со други

Од:

Премиерот Зоран Заев, кој денеска е во посета на Софија, утрово се сретна со раководството на партијата ГЕРБ и со нејзиниот претседател Бојко Борисов.

На средбата, на која присуствуваше и заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, беше изразена желбата, врз основа на претходните позитивни искуства од подготовката и потпишувањето на Договорот за пријателство и добрососедство и врз основа на лидерството на Бугарија во однос на проширувањето на ЕУ кога претседаваше со Советот на Европската Унија, со нова динамика да продолжи поддршката на евроинтеграциските процеси на Северна Македонија и на Западен Балкан.

– Работната агенда во Софија ја почнавме со раководството на ГЕРБ и мојот пријател Борко Борисов. Разговаравме дека е многу важно да овозможиме младите генерации да имаат дијалог и разбирање. Не смееме да дозволиме младите да ни се замразат, напиша Заев на „Твитер“.

„Ако не најдеме решение – генерации Бугари и Македонци ќе се мразат едни со други. Претпоставувам дека привремениот кабинет на претседателот Радев ќе дезертира и одлуката за европска интеграција на Република Северна Македонија ќе биде оставена на следната редовна влада. Му благодарам на Зоран Заев што ги цени напорите направени од мене и владата на ГЕРБ да ја вратиме темата за европска интеграција на Република Северна Македонија и Западен Балкан на агендата на ЕУ“, напиша Борисов на својот ФБ профил.

Премиерот Заев заедно со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи престојуваат во работна посета на Софија со цел да се интензивираат напорите за наоѓање решенија за отворените прашања и за деблокада на европската интеграција на Северна Македонија.

Од владината прес-служба соопштија дека премиерот и владината делегација ќе остварат работни средби со претседателот на Бугарија, Румен Радев, со премиерот Стефан Јанев, како и со претставници на поголемите политички партии во земјата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Немам проблем да се сретнам со бугарскиот премиер за да најдеме начин да се одблокира процесот

Борисов: Се одвиваа многу процеси за Македонија без учество на Бугарија, се изгуби многу време

Гаши: Во секое време може да почнеме со уставни измени, но како држава сме во временски теснец

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче останува лојален на Заев, а со тоа останува лојален на криминалот и корупцијата

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Раководството на СДС, е најлошиот избор составен од децата на Заев

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски