Шекеринска: Македонија денеска го доживува најголемиот пораз и неуспех во евроинтеграциските процеси

Од:

Опозициската СДСМ оцени дека Република Македонија денеска го доживува најголемиот пораз и неуспех во евроинтеграциските процеси.

Република Македонија под водство на Никола Груевски денеска го доживува најголемиот пораз и неуспех во евроинтеграциските процеси, рече Радмила Шекеринска.

На последниот самит на Европската Унија, додаде таа, 90 месеци откако Македонија стана земја кандидат за членка на ЕУ, земјата не успеа да влезе во ниту еден документ, не е спомната во ниту еден заклучок. Не постоеше ниту една европска држава која што го отвори повторно прашањето за нашето членство во Европската Унија.

Ова ќе биде важен, и е важен совет за проширувањето и за регионот. Србија добива датум за преговори, Косово ја добива спогодбата за стабилизација и асоцијација, а Хрватска од понеделник станува земја членка на Европската Унија. Како соседи и партнери, им честитаме на Хрватска, Србија и Косово на важните чекори на нивните евроинтеграциски пат, додаде таа.

Како политичари, како граѓани и како родители, сакаме да ја изразиме нашата сериозна загриженост за застојот во македонските евроинтеграциски процеси.

Сакаме да ја изразиме нашата загриженост што Македонија со вакви одлуки дефинитивно останува на опашката на Западниот Балкан.

Ваквата загриженост за жал не ја гледаме само кај најповиканите. Наместо одговорност, план и акција, како и во изминативе седум години од премиерот и Владата добиваме само оправдувања и обвинувања.

Премиерот очајно барајќи алиби за дебаклот на неговите политики, по правило, остро ја критикува меѓународната заедница, дрско ја обвинува опозицијата и сите оние кои седум години предупредуваа дека сме на грешен пат.

Груевски е возачот на македонскиот автомобил. Меѓутоа, по политичкиот судар тој ги обвинува пешаците, и улиците, и сообраќајците, па дури и совозачите, само за да ја избегне одговорноста своја и одговорноста на Владата која што ја предводи.

Точно е дека политиката на Грција по прашањето на македонскиот евроинтеграциски пат и членство во Европската Унија е не европска и штетна. Но, таква е веќе дваесет години.

Точно е дека меѓународната заедница покажува помала заинтересираност за македонските предизвици од порано.

Но затоа, вистинското прашање е зошто ова се случува?

Вистинското прашање е каква политика ја доведе Македонија до ваква ситуација? Каква политика не избутка на опашката на Западниот Балкан? И, најважното вистинско прашање, кој за тоа ја носи одговорноста?

Премиерот е должен да поднесе и лична одговорност за погрешните политики и потези на Владата во поглед на нашето членство во Европската Унија.

Да се потсетиме, само во последниве неколку месеци серија на извештаи изготвени од релевантни меѓународни институции, наши партнери потврдија дека институциите во Македонија се партизирани. Потврдија дека судовите судат и пресудуваат по кабинетски диктат, дека имаме политички затвореници и новинари кои што се во постојан притвор со влошена здравствена состојба. Дека медиумите се под постојан притисок на власта, дека во Македонија се влошуваат сите демократски параметри, а по медиумски слободи станавме полоши и од Конго и од Замбија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Недозволив молк за најстрашниот скандал со операциите, дали власта се обидува да го заташка?

Костадиновска Стојчевска: За 91 отсто е намален буџетот за инспекторатот за македонски јазик

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Владата крати пари за најранливите во Буџетот, социјалната заштита под удар

Филипче поставува кадри кои се сметаат за блиски до кланот Заеви, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Јавноста мора да знае кои клиники и доктори правеле непотребни операции