Бугарскиот премиер Јанев: Не отстапуваме, нема да ја одобриме преговарачката рамка за Македонија

Од:

Претседателот на преодната бугарска влада, Стефан Јанев, во интервју за бугарската национална телевизија, во кое беше запрашан дали Бугарија ќе ја одобри преговарачката рамка за земјава, онаква каква што е предложена сега, изјави дека Софија нема да отстапи и нема да даде зелено светло за таа рамка.

„Не мислам дека Бугарија е во ситуација да отстапи или да си ја промени позицијата,“ изјави тој.

Тој посочи и дека ја очекува утрешната посета на македонскиот премиер Зоран Заев на Софија и рече дека со него се слушнал неколкупати по телефон.

„Му предложив да седнеме добрососедски, да разговараме и да бараме решение. Ако сме во состојба да подготвиме потенцијално решение, по конституирањето на Парламентот може да се бара решение во следните месеци,“ рече Јанев.

Тој потоа беше категоричен:

„Бугарија нема да ја одобри преговарачката рамка со Република Северна Македонија во нејзината сегашна форма. Нема да ја одобриме, затоа што во моментов, нашите услови се под покровителство и под решението на таа рамка, која ја дал Парламентот. Техничката влада е во состојба така да се меша во тие односи“, рече Јанев.

Привремениот бугарски премиер, во друго интервју дадено за Македонската информативна агенција (МИА), од кое делови исто така беа објавени денеска, не беше толку дециден околу планираните потези на Софија. Тој рече дека отворените прашања меѓу двете земји треба да ги решат политичарите, додека на историчарите не треба да им се остава да бидат предводници во политиката, затоа што таа е одговорност на владите.

Во ова интервју, кое целосно ќе биде објавено утре, Јанев вели дека „е потребно двете влади да седнат и прагматично да разговараат што може да се направи за да се постигне решение“.

-Историчарите се луѓе на науката. Според мене, луѓето од науката треба да се занимаваат само со наука, да си ги докажуваат тезите, и се разбира, врз база на факти и докази со неопходната сериозност и одговорност. Но ним не треба да им се остава да бидат предводници во однос на политиката, затоа што политиката е одговорност на владите. Политиката е одговорност на извршната власт, којашто одговара на потребите на граѓаните. Потребите на граѓаните се дефинираат преку гласање на соодветните избори, односно решението на ова прашање е во политичкиот живот и во владите на двете држави, вели Јанев.

Според бугарскиот привремен премиер, исполнувањето на Договорот за добрососедство се одвива бавно, додека заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања не постигнала ништо во нејзиното работење.

-Да, кажавме дека таа Комисија треба нешто да постигне, но очигледно е дека таа ништо не заврши. Тоа беше јасно уште првата, втората година. Треба да чекаме уште пет години таа комисија да постигне нешто? Според мене, тоа не е реално, оценува Јанев.

Toj вели и дека тоа е и неговиот апел – прашањето да се реши со разговор меѓу две влади.

-Затоа мојот апел, се радувам што господинот Заев ќе биде наш гостин утре, е точно тоа. Владите да седнат и прагматично да разговараат што може да се направи, затоа што, како што веќе кажав, при сета добронамерност којашто беше изразена при потпишувањето на Договорот за добрососедство во 2017 година, очигледно е дека неговото исполнување не се одвива. Еве веќе сме четврта година откако е потпишан, и ние немаме никаков напредок, вели бугарскиот премиер Јанев во интервјуто за МИА.

Би можело да ве интересира

Желјасков: Веруваме дека ќе ги донесете уставните измени и уште оваа година ќе се радуваме на почетокот на преговорите со ЕУ

Состанок на експертските работни групи на МНР на Македонија и на Бугарија

Гир: Не треба да се очекуваат нови договори, македонскиот јазик е веќе во Преговарачката рамка

Ана Ололовска

(ВИДЕО) „300.000 Македонци не се во вашиот Устав, во 21 век не признавате народ“: Лекција од историчарот Светозаревиќ за бугарски новинари во Пустец

A1on

Жељазков: За Бугарија е важен условот „поставен од Европската комисија“ за уставни измени

Ана Ололовска

Претседателот Румен Радев врачи бугарски лични документи на Љубчо Георгиевски и Благој Шаторов

Ана Ололовска