ВИДЕО: Невремето остави пустош во Штип

Од:

Ветар од над 15о километери на час синоќа направи пустош во Штип. Откорнати се дрва и билборди, однесени се покриви. Штети има насекаде. Пожарната, армијата и јавните претпријатија сите се на терен. Се работеше цела ноќ. Пожарникарите ноќеска имале над 30 интервенции.

„Имавме над 30 интервенции во текот на ноќта. Прво го расчистивме централното градското подрачје, а потоа и околните населби. Интервениравме кај паднати дрва, поплави и кровови, вели Кирчо Патраклиев“, командир на ППЕ-Штип.

Иако интензивно се расчистува последиците од невремето и денеска нема целосно да се отстранат.

„Работиме координирано, но штетите се големи и не верувам дека ќе успееме да завршиме денеска. Но со активностите ќе продолжиме со додека целосно не го исчистиме градот, вели Никола Мицевски“, директор на ЈП Исар-Штип.

Според метеоролозите синоќа освен ветер паднало и многу дожд, наврнале околку 60 литри на метар квадратен. Силината на ветрот била и над максималната вредност што може да ја регистрираат инструментите.

„Бидејќи врнеше со косинина од над 45 степени, тешко може да се одреди количината на врнежите, но наша проценка е дека тоа се околу 60 литри на метар квадратен, вели Зоран Крстов“, дежурен метеролог во Метеролошка станица-Штип.

Големи штети има на повеќе институции. Најмногу настрадале покривите на училиштата. Оштетени се и дел од фасадите на кампус 4 на штипскиот Универзитет. Општината направи записник и пари за санација на училиштата ќе бара од Министерството за образование. .

„Ние ја снимивме состојбата и ќе направиме записник. Него ќе го пратиме до Министерството за образование во отсекот за капитални инвестиции“, вели Ванче Маневски, општински просветен инспектор.

Во гимназијата прокиснал таванот, па компјутерите во две –три училнинци биле целосно биле полавени. Се уште се пресметува штетата.

„За почеток ќе треба да го санираме кровот за да може да се одвива настава, но невремето не натера да го забрзаме нашиот проект за целосно негово реконстриурање и преадаптација на просторот“, вели Зоран Алексов, градоначалник на Штип.

Се пребројуват и граѓаните. И тие останаа без кровови со дупки во таваните.

„Ми однесе околу 300 ќерамиди. Сите една по една падна на патот. Расчистуваме до два часот по полноќ“, вели жител на Штип.

Од општината велат дека граѓаните може да ги пријавуваат штетите. Но не треба многу да се надеваат. Процедурите се бавни, а добиват само 15 % од вредноста. Граѓаните ќе треба да побрзаат со санацијата на крововите. Нестабилно време Штип го очекува и утре. Метеоролоизите најавуваат ново невреме, но со помал интензитет.

Виолета Кожинкова

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 60 жртви во поплавите во Шпанија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Неколкумина загинати во поплавите во Шпанија, се трага по исчезнати

Силно невреме ја погоди Црна Гора: Поплавен е дел од Јадранската магистрала

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

(ВИДЕО) Поплавен е северот на Италија: Ова е полошо и од најлошите прогнози

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Шокантни снимки: Луѓето добиваат невројатно „луди“ идеи за време на поплави

Катерина Ѓуровски