Видеоснимка која ја прикажува ужасната несреќа која се случи на жичница во Италија минатиот месец, во која загинаа 14 луѓе, беше објавена денеска.
На снимката долга 20-тина секунди, се гледа како вагончето од жичницата најпрвин нормално се качува, но на врвот на ридот, непосредно пред да пристигне во станицата, Кабината нагло тргнува надолу и на крајот се одвојува од сајлата и паѓа.
Al Tg3 un documento esclusivo della cabina della funivia del Mottarone, prima della caduta, agli atti dell'inchiesta sul disastro costato la vita a 14 persone. Le immagini per il loro contenuto potrebbero urtare la sensibilità di alcuni pic.twitter.com/en6MHCfS00
— Tg3 (@Tg3web) June 16, 2021
Несреќата, една од најтешките во историјата на Италија, ја преживеа само едно петгодишно дете, а загинаа неговото двегодишно братче, родителите, како и прадедото и прабабата на детето.
Против повеќе функционери на компанијата која управува со жичницата на северот на Италија се води кривична постапка, затоа што намерно го деактивирале системот за итно кочење, кој требало да ја блокира кабината во моментот кога пукнала сајлата.