(ВИДЕО) „Смрт за Арапите“: Израелски екстремни десничари маршираа низ Источен Ерусалим

Од:

Повеќе од илјада Израелци-радикални националисти, под будното око на силни полициски сили, вечерва маршираа на парада во Источен Ерусалим на повик на крајната десница, што е прв тест за новата израелска Влада по заканите од палестинското движење Хамас, што го буди стравот од нова ескалација.

Демонстрантите, вклучувајќи и млади и еврејски ултранационалистички и екстремно десничарски активисти, маршираа од православната населба во Западен Ерусалим кон Источен Ерусалим, до плоштадот пред Портата Дамаск, од каде има поглед на муслиманскиот кварт во Стариот град, каде што е Плато џамијата, пренесоа светските медуми.

„Вечниот народ не се плаши од долгиот пат“, пееја демонстрантите, носејќи сини и бели знамиња на местото важно за Палестинците во Источен Ерусалим, палестински сектор во градот што Израел го окупира во 1967 година. Од толпата се слушаа повиците „Смрт за Арапите“.

Непосредно пред контроверзната „Парада на знамето“, полицијата ги затвори главните улици што водат кон Стариот град и го блокираше пристапот на Палестинците до плоштадот пред портата Дамаск, поради што дојде до судир во кој беа повредени десетина палестински демонстранти, соопштија спасувачките служби.

Пратениците на израелските Арапи кои дојдоа на плоштадот овој израелски марш го нарекоа „провокација“.

-Единственото легитимно знаме тука кај Баб ал Амауд (Портата Дамаск) и во Источен Ерусалим е палестинското. Израелското знаме тука е симбол на окупација, рече пратеникот Ахмед Тиби.

Стравувајќи дека митингот ќе излезе од контрола, претставникот на ОН за Блискиот Исток, Тор Венесленд, ги повика „сите страни да се воздржат од провокации што можат да доведат до нов циклус на конфликти“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел презеде контрола над преминот Рафа

ОН наскоро ќе гласаат за можноста за меѓународно признавање на Палестина

Катерина Ѓуровски

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Си Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во Обединетите нации

Нетанјаху и забрани на Ал Џезира да емитува програма во Израел

Драма во Малме: Претставничката на Израел на Евровизија предупредена да не го напушта хотелот

Предраг Петровиќ