13 јуни, недела, засекогаш ќе остане запаметен од сите фанови на Новак Ѓоковиќ, но веројатно најмногу од седумгодишното момче од Франција, Том, на кого најдобриот тенисер во светот му даде рекет од благодарност што му помогнал да се врати откако губеше, на мечот против Циципас.
Францускиот сајт „Francebleu“ успеа да дојде до таткото на седумгодишниот Том, чии солзи радосници и неизмерна среќа откако го доби рекетот од Ѓоковиќ, ја обиколија планетата.
Целото негово семејство беше на трибините на Ролан Гарос, а неговиот татко откри дека Том е голем обожавател на српскиот тенисер.
И се покажа дека тој беше и негов тренер во финалето, што Новак го потврди по мечот во кој стигна до 19 титули на Грен слем турнирите.
Том дојде на мечот во српска маица – откри неговиот татко, а потоа ги опиша деталите за време на мечот, особено кога Новак ги загуби првите два сета од Ципипас во финалето.
– Тој почна многу силно да го охрабрува Новак, кој го забележа. Воспоставија некаква врска. Кога дојде да седне спроти нас, го погледна Том и ги крена палците нагоре и намигна.
Новак не застана само на донираниот рекет, неговата мајка објави емотивни фотографии.
Интересно е што по финалето, седумгодишното момче сè уште е под впечаток на гестот на Новак. Таткото открива и дека не ја симнува капата што му ја подари тенисерот.
– Тој беше неверојатно среќен. Сигурен сум дека тој зборуваше за тоа и со пријателите. Утрово тој сакаше да ја земе капата и да ја однесе на училиште. Тоа е момент кој ќе остане врежан во неговата меморија засекогаш. Тој сакаше да го носи капчето и на ручекот попладне. Тој ќе игра на турнир во сабота, мислам дека ќе го носи и тогаш – изјави таткото на момчето.
И мајката на младиот Том, која беше фотографирана како го слика Новак додека му го дава рекетот на нејзиниот син, не го криеше своето воодушевување.
Таа сликите ги објави на својот Инстаграм и воодушевено искоментира.
– Веројатно најдобриот момент на Ролан Гарос и во животот на моето дете, ви благодарам Новак за моментот кој засекогаш ќе остане врежан во моето сеќавање. Вистински шампион – напиша таа.