„Катимерини“: Дали Атина има план Б ако паднат црвените линии за ерга омнес

Од:

Тоа што ирското претседателство со ЕУ одлучи на последниот Совет за општи работи да нема ниту заклучок ниту да се разговара за датум за почеток на пристапните преговори со Македонија е задоволувачки развој на настаните за Грција, пишува денеска „Катимерини“.

Според весникот, ако на маса повторно беше препораката на Комисијата за почеток на пристапните преговори со Македонија, тогаш Грција повторно ќе блокираше и повторно ќе беше на „тапет“ на меѓународната јавност.

„Катимерини“ нагласува дека не треба да има илузии затоа што Европјаните што е можно побрзо ќе се обидат да го затворат ова прашање, и ако не се случи на овој состанок, тоа може да се случи во декември или во јуни следната година. Европјаните веруваат дека Атина и Скопје можат и треба да постигнат компромис и да го решат случајот, како Србите и косовските Албанци по што Брисел ги награди.

– Познавачите тврдат дека наскоро ќе дојде „бура“ со неиздржлив притисок, па дури и уценувања и тие се плашат дека тврдината „ерга омнес„ може да се покаже како Мажино линијата за оклопната дивизија на Гудериан. Така, се поставува прашањето: дали Атина има план Б или ќе одлучи херојски да падне борејќи се за познатите црвени линии“, заклучува „Катимерини“.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски