ВМРО-ДПМНЕ пак протестира пред МНР, бара власта да соопшти за што преговара со Бугарија

Од:

ВМРО-ДПМНЕ попладнево одново одржа протест пред Министерството за надворешни работи, согласно донесената одлука на Извршниот комитет на партијата во саботата во Битола – денеска и утре да се протестира од 17 до 19 часот. За разлика од минатата недела, кога беа блокирани крстосници во центарот на Скопје, раководството, членови и симпатизери на партијата денеска протестираат пред Министерството за надворешни работи.

Протестот се одржува во пресрет на седницата на собраниската Комисија за надворешна политика, закажана за в среда во 15 часот. Со неа претседава Антонио Милошоски, а шефот на дипломатијата Бујар Османи соопшти дека ќе одговори на барањето на опозицијата да присуствува и да реферира по единствената точка од дневниот ред – Разгледување на прашањето за почеток на пристапните преговори со ЕУ за време на португалското претседателство, а во контекст на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија.

Опозициската партија од МНР и Владата бара да биде објавено за што конкретно се преговара за добивање датум за почеток на преговори со ЕУ, во пресрет на португалското претседателство. Нивниот став е дека не прифаќаат ниту дел од декларацијата донесена во Парламентот на Бугарија во октомври 2019 година да биде дел од преговорите кои деновиве се водат интензивно.

-Од седницата в среда бараме конкретни информации од министерот Османи, да го сослушаме и да видиме што има да ни каже нам, како претставници на народот во тој парламент, околу тоа за што и како преговараат. Според Устав, Македонија е независна и суверена држава и секој што ќе се одлучи ова да го прекрши, односно ќе се обиде за дел од таа декларација на Бугарија, ќе значи дека го нарушува Уставот и за тоа еден ден секако ќе одговара, изјави на протестот пратеничката Дафина Стојановска.

Дали и по комисиската седница в среда ВМРО-ДПМНЕ ќе ги продолжи протестите, таа рече дека останува да одлучат откако седницата ќе се одржи и тогаш ќе го соопштат ставот.

Би можело да ве интересира

Кос повтори: Македонија треба да ја исполни обврската за завршување на уставните измени

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

(ВИДЕО) Протести на турските новинари против властите

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Жените во Полска повторно се уличен протест, го обвинуваат Туск дека не го исполнил ветувањето за либерализација на абортусот