Во Финска денеска се одржуваат локални избори

Од:

Во Финска денеска се одржуваат локални избори, што се сметаат за тест за популарната на социјалдемократска премиерка Сана Марин, која дојде на власт пред 18 месеци.

Гласањето се одвива во повеќе од 300 општини низ земјата, а резултатите ќе бидат показател за популарноста на партиите пред парламентарните избори закажани за 2023 година.

Сана Марин (35), која во декмеври 2019 година стана најмладиот премиер во Европа, ужива голема популарност во Финска, додека меѓународната заедница ја пофали за решавањето на санитарната криза во земјата со 5,5 милиони жители.

И покрај својата популарност, Социјалдемократската партија не успеа да привлече млади гласачи. Две опозициски партии, Конзервативната партија за национална коалиција и популистичката Партија на Финците водат во анкетите.

Една третина од гласачите со право на глас, или околу 1,5 милион Финци, веќе гласаа однапред. Првите резултати од локалните избори се очекуваат утре.

Би можело да ве интересира

Захарова: Русија е секогаш подготвена за дијалог, а Финска треба да го напушти својот русофобичен курс

Пресврт по победата на Трамп: Финска реши да ја отвори границата со Русија

Финска конфискуваше руски имот во вредност од 4,25 милијарди долари на барање на украински Нафтогас

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Финска: Затворањето на границите помогна да се избегнат тензиите со Русија

Девојче од Косово е рането во инцидентот во основно училиште во градот Ванта кај Хелсинки

Горан Наумовски