Кастекс: Во Франција 30 милиони лица примиле барем една доза вакцина

Од:

Во Франција 30 милиони луѓе примија барем една доза вакцина против коронавирус, изјави премиерот Жан Кастекс, кој повика на продолжување на борбата против вирусот.

„Целта е постигната! Ви благодарам на сите што се мобилизирате за вакцинирање”, напиша Кастекс на Твитер.

Властите очекуваа следната недела да се надмине прагот од 30 милиони вакцинирани лица.

Меѓутоа, француските власти предупредуваат дека подобрената состојба, постепеното укинување на ограничувањата, не смеат да ја „намалат будноста“ на граѓаните кон коронавирусот.

Во земјата се отворени рестораните, како и спортските сали и базени,а полицискиот час почнува подоцна, од 23 часот.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано