САД со зголемени напори за одбрана од кибернападите

Од:

За помалку од две години, упадите во американските компјутерски мрежи се зголемени за 17 пати, изјави синоќа генерал Мартин Демпси, шеф на Советот на ГШ на американската армија.

Во говор во институтот Брукингс во Вашингтон, Демпси наведе дека за заштити ќе се потрошат 23 милијарди долари во следните 4 години и ќе се зголеми бројот на служби за таков вид борба до четири илјади луѓе.

Во средината на идната година во Министерството за одбрана ќе биде формирана заштитна бежична мрежа од четврта генерација за заштита при употреба на Ај-пад, Ај-фон и апарати со ОС Андроид во онлајн режим.

– Јас и сега имам заштитен мобилен телефон на кој би му позавиделе и Бетмен и Џемс Бонд, се пофали генералот.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас