Османи: Подготвен сум за отчет пред пратениците

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи преку својот фејсбук профил вечерва упати јавна порака до претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика заеднички да го утврдат првиот слободен термин на кој ќе реферира пред пратениците.

-Еве и јавна порака до претседателот на Комисијата за надворешна политика во Собранието на Република Северна Македонија: да го утврдиме заеднички првиот слободен термин на кој ќе реферирам за сите актуелности од доменот на надворешната политика пред пратениците; воедно, паралелно да договориме и термин на Комисијата, на кој избраните амбасадори ќе ги презентираат тезите, со што ќе го ослободиме и процесот за нивно упатување во испразнетите амбасади.

Нема потреба од протести, јас отсекогаш сум бил подготвен и да ги претставам состојбите пред опозицијата, и да реферирам во Парламентот пред пратениците, напиша Османи.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија