Холандската принцеза Амалија не сака државни пари, одби годишен „џепарлак“ од 1,6 милиони евра

Од:

Холандската престолонаследничка, принцезата Амалија, одлучила во следните неколку години да не ја прифати својата апанажа од околу 1,6 милиони евра годишно, на која има право откако ќе наполни 18 години во декември.

Принцезата денеска испрати рачно напишано писмо до холандскиот премиер Марк Руте, во кое го известила за нејзината одлука. Таа истакна дека ќе ги врати парите, кои и покрај одбивањето на Амалија, ќе се уплаќаат на нејзина сметка сѐ додека е студент.

Уплатата се состои од околу 300.000 евра „џепарлак“ за принцезата и 1,3 милиони евра за плати за персоналот и останати трошоци.

Принцезата вчера била известена дека ги положила сите испити за крај на средното училиште и сега планира да направи пауза од една година пред да почне со студии.

– Се чувствувам непријатно што можам да понудам толку малку за возврат и кога на останатите студенти им е многу потешко, посебно во овие неизвесни времиња на коронавирусот, напишала холандската принцеза.

Премиерот Руте во одговорот и честитал за матурирањето, истакнувајќи дека има разбирање и ја почитува нејзината одлука.

Ваквиот потег следува во момент на намален рејтинг на кралот Вилем-Александер во Холандија.

Би можело да ве интересира

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина