Жител на беровско Смојмирово пронајден мртов во река

Од:

67-годишен човек од беровското село Смојмирово е пронајден починат во коритото на Смојмирска Река. Трагичниот настан го потврдија од беровската полиција, а смртта на несреќниот беровчанец била констатирана од екипа на Итната медицинска помош од Берово.

– На 10.06.2021 во 08:10 часот во Полициската станица Берово добивме пријава дека во коритото на „Смојмирска река“ во село Смојмирово е пронајден починат В.Г. (67) од село Смојмирово. Смртта без траги на насилство ја констатираше лекар од Итна медицинска помош, инфирмираа од полицијата во Берово.

Додадоа дека по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски