Можеме да бидеме најпријатно изненадување на Европското, смета нашата некогашна „деветка“, Дарко Панчев

Од:

Еден од најдобрите македонски фудбалери на сите времиња Дарко Панчев оцени дека „црвено–жолтите“ се кадарни да приредат изненадување на ЕУРО 2020 што од утре до 11 јули ќе се одржи во 11 европски градови.

Македонскиот состав е во групата Ц, а премиерниот натпревар ќе го игра в недела против Австрија, пред дуелите со Украина и Холандија.

– Тоа не е претерано силна група. Можеме да направиме едно пријатно изненадување. Холандија е единствена репрезентација (во групата) од екстра класа, додека со Австрија и Украина апсолутно може да се надигруваме, посочи Панчев.

Легендарниот голгетер, како што објави регионалниот телевизиски канал „Спорт клуб“, смета дека најсилна страна на македонската репрезентација е исклучително квалитетниот среден ред со Аријан Адеми, Елиф Елмас, Енис Барди и Езѓан Алиоски.

– Ова е одлична шанса на Европа да и го демонстрираме нашиот висок квалитет. Немаме што да загубиме, ионака од нас никој ништо не очекува“, додаде поранешниот македонски репрезентативец и европски и светски првак со екипата на Црвена Звезда.

Би можело да ве интересира

Прва авторизирана биографија на Дарко Панчев

Панчев: Не сум Бред Пит, ама се снајдов солидно во снимањето

Ана Ололовска

Панчев: Плачи Нејмар, плачи, Хрватите се посилни

Канатларовски: Заслуживме бод, момците одиграа многу храбро и со голема пожртвуваност

Ана Ололовска

ВИДЕО: Фудбалерите со „Земјо Македонска“ го прославија пласманот во баражот за СП 2022

Ана Ололовска

Милевски: Фудбалерите ја оправдаа довербата, имаме потенцијал уште да напредуваме

Ана Ололовска