Америка ќе ја притисне Софија да го откочи патот на Македонија кон ЕУ, вели Даниел Сервер

Од:

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден се очекува да изврши зголемен притисок врз Бугарија за откочување на евроинтегративниот процес на Северна Македонија, а актуелната извршна наредба која американскиот претседател ја издаде оваа недела, има цел да врши притисок за подобрување на владеењето во земјите од Западен Балкан.

Ова го изјави Даниел Сервер, експерт за Балканот од универзитетот „Џонс Хопкинс“ во Вашинтгон. Сервер смета дека претпристапните преговори меѓу Скопје и Брисел за членство на нашата земја во ЕУ треба да се отворат во јуни.

– Се надевам дека тоа ќе се случи, но за жал земјите членки имаат право на вето за речиси сѐ во ЕУ, изјави Сервер.

Тој очекува американската aдминистрација да изврши притисок врз Бугарија за изнаоѓање брзо решение во однос на „апсурдните барања до Северна Македонија“ поврзани со јазикот и историјата, што, според него, е причина за фрустрација во многу европски центри и во Вашингтон.

– Администрацијата ќе изврши голем притисок врз Бугарија. Иако не сум убеден дека некој во Софија го слуша тоа, изјави Сервер.

Во врска со Извршната наредба на Бајден за санкции кон лица од Западен Балкан, Сервер вели дека таа е со цел да се изврши притисок врз владите во регионот да запрат со корупцијата и криминалот и да го подобрат владеењето на правото.

– Извршната наредба не е наменета само за Софија, туку до сите влади во регионот да си го исчистат дворот, смета Сервер.

Во однос на пресудата на Хашкиот трибунал за доживотен затвор за поранешниот командант на силите на босанските Срби, Ратко Младиќ, за воени злосторства и за геноцид извршени за време на војната во Босна и Херцеговина, Сервер вели дека пресудата според него дошла предоцна.

– Младиќ правдата го стигна предоцна. Светот ќе биде подобро место затоа што тој не ја избегна одговорноста, рече Сервер.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски