ВИДЕО: Градска болница остана без струја, пациентите во мрак по болничките ходници

Од:

Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ остана без струја, по невремето што денеска го зафати Скопје, а без струја останаа жителите на Центар и други околни населби кои се снабдуваат со струја од трафостаницата Југ-нова.

Според првичните информации, како што веќе објавивме, гром удрил во далновод и ја оштетил мрежата, а од ЕВН велат дека работат на премостување за жителите кај кои има прекин, за тие да добијат струја од друго место.

Во Градската општа болница ходниците се во темница, а вработените се обидуваат да воведат ред меѓу пациентите кои чекаат по ходниците и во болничките соби.

„За среќа, кај нас имаме агрегат што обезбедува нормално функционирање на Одделот за интензивна нега и реанимација и во операционите сали. Се јавивме во ЕВН и ни кажаа дека најмногу за половина час до еден час ќе биде обезбедена струја и во болничкиот дел. Точно, сега ходниците се во мрак, но се надеваме дека проблемот брзо ќе се реши“, изјави за „А1он“ директорот на Градската болница, Љубен Арсенков.

Од ЕВН веќе изјавија дека заедно со МЕПСО се работи на откривање на дефектот, а според очевидци, ошттувањето настанало од гром, но се уште се работи на точно лоцирање.

Би можело да ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 31 јули 2026 изнесува 157,81 евра за мегават час, на МЕМО 105,31 евра за мегават час

Снема струја во цела Грузија

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 24 јули 2026 изнесува 130,13 евра за мегават час, на МЕМО 90,13 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 јули 2026 изнесува 123,26 евра за мегават час, на МЕМО 110,00 евра за мегават час

ЕДС со силен раст и зацврстена позиција на пазарот: Тројно зголемен број на клиенти за само 18 месеци

Вработен во „ЕВН“ почина при извршување на работни задачи, телото е на обдукција