Гром удрил во далновод, Центар и околината без струја

Од:

Без струја се жителите на Центар и околните населби кои со струја се снабдуваат од трафостаницата Југ-нова, оти гром удрил во далновод и ја оштетил мрежата. Од ЕВН велат дека работат на премостување, за жителите кај кои има прекин, веднаш да добијат струја од друго место.

„Заедно со МЕПСО се работи на откривање на дефектот. Според очевидци, оштетувањето настанало од гром, но се уште се работи на точно лоцирање. Веднаш штом се утврди, дефектот ќе биде поправен. Корисниците кај кои има прекин во скоро време ќе добијат струја оти паралелно се работи на нивно поврзување на други трафостаници“, велат од ЕВН за „А1он“.

Очевидци јавуваат дека забележале експлозија откако гром удрил во 110 киловолтен далновод.

Би можело да ве интересира

Снежно невреме во Романија, над 11.000 домаќинства останаа без струја

А1он

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он

Силно невреме со град ја погоди Словенија

Велешките пожарникари извлекле мајка и дете од автомобил на поплавена улица