Софија објави проширен список на Бугари ставени на „црната листа“ на Америка

Од:

Министерството за финансии на Бугарија објави проширен список на лица кои спаѓаат или можат потенцијално да спаѓаат во рамки на санкциите наложени од Канцеларијата за контрола на странски средства (ОФАЦ) при Министерството за финансии на САД.

Првично објавената листа се состои од 64 компании поврзани со бугарските олигарси Васил Божков, Делијан Пеевски и Илко Желјазков.

Во проширениот список се вклучени 34 правни лица кои спаѓаат во ставот на физички и правни лица во сопственост, контролирани или управувани во текот на последните пет години од страна на лицата вклучени во списокот на ОФАЦ.

Министерството за финансии на Бугарија соопшти и дека списокот може да биде дополнет или коригиран по приемот на нови податоци или факти.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина