Бајден ја поздрави „историската пресуда“ против Младиќ, очекува лидерите во регионот да ја прифатат

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден ја поздрави денешната одлука на Жалбениот совет на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија со потврдувањето на првостепената пресуда против Ратко Младиќ, со која беше правосилно осуден на доживотен затвор, оценувајќи ја како „историска пресуда која покажува дека оние кои извршиле ужасно злосторствата ќе одговараат”, со надеж дека ќе ја почитуваат и лидерите во регионот.

– Таа историска пресуда покажува дека оние кои ќе извршат ужасни злосторства ќе одговараат. Со тоа, исто така, се потврдува нашата заедничка определба да ги спречиме идните злосторства каде било во светот, вели Бајден во изјавата.

Тој потсети дека пред речиси 26 години, „Младиќ нареди убиство на околу 8.000 невооружени мажи и момчиња“, командувал „со бруталната долгогодишна опсада на Сараево и тој е одговорен за многу други злосторства“.

– САД помогнаа во предводењето на меѓународните напори за прекин на злосторствата во Босна и Херцеговина, да се изведат пред лицето на правдата оние кои извршија злосторства таму и во други делови на поранешна Југославија и да се воспостави траен мир во земјата и поширокиот регион, рече Бајден .

Тој исто така ја изрази благодарноста на Америка за неуморната работа на Хашкиот трибунал во изминатите две децении во случаи поврзани со конфликтот на Балканот и сите оние чија посветеност ја овозможи денешната пресуда.

– Правдата и помирувањето се основа на идниот мир и стабилност, а денешната одлука е исто така важна потврда дека тоа е можно. Искрено се надевам дека лидерите во регионот ќе ја почитуваат оваа пресуда и ќе ја потврдат нејзината важност за владеењето на правото. Моите мисли се со семејствата на голем број жртви на злосторствата на Младиќ, истакна Бајден.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Медведев: Можеби старецот Бајден решил да го напушти овој свет и да земе дел од човештвото со себе

Катерина Ѓуровски

Синот на Трамп за одлуката на Бајден: Проклети, имбецили, сакаат Трета светска војна

Бајден одобри Русија да биде нападната од американски ракети

Горан Наумовски