ВИДЕО: Охрид блокиран со скоро 50 автомобили, демонстрантите со знамиња муабетеа на „Туристичка“

Од:

Со  45 автомобили, ВМРО-ДПМНЕ го блокираше булеварот „Туристичка“ во Охрид. На протестот имаше и стотина лица кои стоеја на улицата. За разлика од Скопје, во Охрид немаше скандирања, ниту пак, инциденти. Единствено, нервози возачи кои мораа да користат алтернативни улици за да стигнат до дестинацијата каде се упатиле. Додека траеше протестот, возачите на автомобилите стоеја на тротоарите, како и во средината на кружниот тек.

Демонстрантите на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ, го вееја македонското знаме и знамето од Вергина. Ги имаше на различна возраст, а дел од нив, се групираа и без заштитни маски.

Некои се откажаа од тоа два часа да ги држат знамиањата во раце, па ги ставија знамињата со држачот во земја. Протестот го обезбедуваа и неколку полициски службеници, кои стоеја на страна.

Инаку, на протестот во Скопје имаше и инцидент откако беше приведен демонстрант. Очевидците тврдеа дека младото момче заврши со лисици бидејќи ги снимал полицајците во лице и се спротиставија, додека од МВР велат дека приведениот ги омаловажувал полицајците.

ВМРО-ДПМНЕ со протестот сака да издејствува Владата да даде документ т.н. патоказ, за кој тврдат дека постои и велат оти со истиот се преговара со Бугарија. Од опозициската партија кажаа дека ако не се даде на увид овој документ, ќе има уште помасовни протести.

 

Би можело да ве интересира

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите