ВИДЕО: Макрон доби шамар на средба со симпатизери

Од:

Претседателот на Франција Емануел Макрон, за време на турнеја по земјата, доби шлаканица од еден човек од публиката, главно составена од негови симпатизери.

Настанот се случи во регионот Дром, во југоисточна Франција. Во моментот кога сакаше да се поздрави со насобраните луѓе, претседателот прво налета на напаѓачот, кој кусо се претстави како анархист и извика „Долу Макронија“, па веднаш му удри шлаканица на збунетиот Макрон.

Обезбедувањето бргу реагираше и го неутрализира напаѓачот. Полицијата уапси двајца по несекојдневниот инцидент, а францускиот претседател потоа ја продолжи својата посета.

Би можело да ве интересира

Макрон: Франција планира да ја признае палестинската држава во наредните месеци

Макрон: Ако Русија продолжи да го одложува и одбива мирот, мора да следи решителна акција

Макрон: Царините на Трамп за Европа се брутални, нашиот одговор ќе биде посилен од претходно

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Макрон: Безбедносните сили ќе бидат распоредени во Украина по мировниот договор