Кризната состојба продолжува до крајот на годинава, опозицијата гласаше против

Од:

Собранието попладнево изгласа да се продолжи за шест месеци рокот за постоење кризна состојба на територијата на државата, заради заштита на здравјето на населението и безбедност од ширење на пандемија од КОВИД-19. Со измени на постојната Одлука, наместо 30 јуни 2021, кризната состојба ќе трае до 31 декември 2021.

Против одлуката гласаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои сметаат дека е непотребно да се продолжува кризна состојба зашто бројот на заразени е намален и дека тоа се прави за да може да се манипулира на локалните избори во октомври.

Пратеникот Бојан Стојановски во излагањето пред да се гласа побара Владата да им достави анализи и извешаи за проценка на ризикот од пандемијата и за потребата од дополнително прогласување кризна состојба.

– Таков документ немаме. Оваа кризна состојба може да се злоупотреби за локалните избори. Дали со ова на власта и се дава таква можност, праша Стојановски.

Не беа изгласани предлозите на ВМРО-ДПМНЕ два предлог-закона, за образование и за здравство, да имаат приоритет и да се преместат во првите точки на дневниот ред односно Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за основно образование во прво читање да биде 12 наместо 41 точка, а Информацијата во врска со актуелните состојби во здравството со осврт и на кризата предизвикана од коронавирусот наместо 52-ра да биде втора точка, веднаш по одлуката за продолжување на кризната состојба.

Поради неисполнети формални услови, не беше прифатен предлогот на пратеникот Димитар Апасиев од Левица – дневниот ред да се дополни со предлог за измени на Законот за пратеници во одредбите што го уредуваат правото на патни трошоци.

Пред изгласувањето на дневниот ред на 43-тата седница, на кој има 55 точки, пратеникот Апасиев реагираше и на тоа што од собраниска процедура на барање на Владата е повлечен материјалот за Законот за утврдување правен статус на бесправо изградени објекти бидејќи, рече, Владата е овластен предлагач на законот и може да го повлече како предлог, а не како закон за кој веќе се гласало во Собранието и треба повторно да се разгледува од пратениците откако не беше одобрен од претседателот на државата.

Претседателот на Собранието Талат Џафери одговори дека Владата поднела барање да се повлече предлогот и дека процедурите согласно со Уставот ќе се уредат со измени на Деловникот во рамки на процесот „Жан Моне“.

Собранието прифати по скратена постапка да се донесат предлог-измени на Изборниот закон, поднесен од пратениците Маја Морачанин, Павле Трајанов и Моника Зајова, за дополнување на Законот за земјоделско земјиште, измени на Закон за рамноправен регионален развој, поднесени од група пратеници… Не беа прифатени предлозите на ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка да се донесат измени на Законота служба во Армијата на РСМ и изменување и дополнување на Законот за тутун.

Пленарната 43-та седница почна во стариот амбиент – салата „Македонија“ каде што има услови за електронско гласање. Пратениците се вратија таму по неколку месеци работа во Големата сала (купола). Комисијата за заразни болести одобри протокол по кој ќе се одржуваат пленарните седници. Продолжението на 43-тата седница е по редовната пауза. хс/дма/

2021-06-08 14:57:58, од Хатка Смаиловиќ

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште