Владините заложби за транспарентност даваат резултати и тоа ме радува, соопшти Заев на Фејсбук

Од:

Владата од категорија „просечна транспарентност“ во 2016 година со 25 проценти, оваа година се искачи на 93,5 отсто и е во категорија на институции со „многу добра транспарентност“, напиша вечерва премиерот Зоран Заев на својата фејсбук-страница.

Активната транспарентност на министерствата, Владата и општините, вели премиерот, е зголемена за 18 проценти од 2016 година (всушност, зголемувањето за кое зборува Заев изнесува 18 процентни поени). Тој се повикува на најновите податоци на извештајот за „Индексот на активна транспарентност 2021 година“ на невладината организација Центарот за граѓански комуникации, поддржан од УСАИД. Вкупната активна транспарентност за 2021 година изнесува 63 проценти, за разлика од 2016, кога била 45 проценти.

– Транспарентноста е еден од главните постулати врз кои се темелат политиките на Владата и има важна улога во борбата против корупцијата. Ме радува тоа што политиките во насока на поголема транспарентност и отчетност на институциите даваат позитивни резултати, а тоа се нотира во релевантните извештаи, напиша премиерот.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада