УЈП: Казна од 7.000 евра за приредувачите на игри на среќа кои немаат НИС

Од:

Некои приредувачи на игри на среќа и покрај законската обврска се уште не вовеле Надзорен информациски ситем (НИС), со цел да избегнат следење на реалните уплати и исплати на добивките од игри насреќа и спречување на даночниците да располагаат со податоци за остварениот промет во сите деловни единици, покажале контролите на Управата за јавни проходи.

За невоведување на НИС, законот превидува затворање на сите деловни единици на приредувачот на игри на среќа во траење од 30 дена и парична глоба од 7 илјади евра. Вакви казни „заработи“ еден скопски приредувач на игри на среќа, кај кои сите три деловни единици (автомат клубови) беа затворени од даночниците, информира УЈП.

Обврска за НИС имаат 28 приредувачи на игри насреќа, со вкупно 500 деловни единици, кои треба да бидат 24/7 он-лајн поврзани со информацискиот систем на УЈП, заради реално оданочување на добивките со посебната давачка од 20%, која се плаќа на разликата на вкупно примените уплати и вкупно исплатените добивки од игрите на среќа.

Со цел имплеменатција на законските обврски и новиот систем на реално оданочување на добивките, контролите на УЈП ќе продолжат кај сите приредувачи на игри на среќа.

Обврската за воведување на Надзорен информациски ситем (НИС) е пропишана со Законот за игри на среќа и за забавни игри и стапи во сила од 1 јануари 2013 година.

Би можело да ве интересира

Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено

УЈП очекува детали од Министерството за финансии за најавеното намалување на даноци

Констатирани неправилности кај шест даночни обврзници во општина Виница

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Петрова ја презеде директорската функција во УЈП

Елена Петрова нов директор на УЈП, Бобан Николовски на Царинската управа