Грција: Над 90 отсто од хоспитализираните со Ковид-19 се невакцинирани

Од:

Над 90 отсто од пациентите кои изминатите недели се примаат во грчките болници и на одделите за интензивна нега со Ковид-19, се невакцинирани, истакна претседателката на националната комисија за вакцинација Мариа Теодориду на денешната редовна прес конференција за процесот на имунизација во Грција.
Теодориду додаде дека кај дел од граѓаните над 60 години, се констатира незаинтересираност за вакцинација.

Според податоците што попладнево ги соопшти генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус, од почетокот на вакцинацијата во земјата, аплицирани се 6.225.000 дози.

– Денеска ја надминавме бројката од четири милиони граѓани кои се вакцинирани со една доза, односно 38,1 отсто, а 2.350.000 наши сограѓани целосно завршија со вакцинацијата, што е 22,4 проценти, објасни Темистоклеус.

Во однос на старосните групи, 71 отсто од граѓаните над 60 години се вакцинирани со најмалку една доза, а заедно со закажаните термини, достигнува до 74,3 проценти.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната