Аудио снимка со фотографија од Јелена Жугиќ: Албанците го окупираат Бутел, ќе има федерализација и кампови за бегалци

Од:

Разговор со наслов „Жугиќ против Албанците“, а со фотографија од актерката и претседателка на Градскиот комитет на Унија на жени при ВМРО-ДПМНЕ, Јелена Жугиќ, е објавен на мрежата „Јутуб“. Снимката која е испратена до „А1он“ и десетина други медиуми е објавена на каналот наречен „Зелен црв“, на 5 јуни односно денеска. Во неа се слуша глас кој според објавата на „Јутуб“ се тврди дека е Жугиќ, а каде зборува за локалните избори и во задина се слушаат женски гласови. Од снимката се слуша дека Албанците го окупираат Бутел, дека се менува етничката карта на Македонија, како и дека ќе има федерализација и кампови за бегалци. Поради ова, според аудио материјалот, треба да се издвои победа на локалните избори, во спротивно, дека нема да освојат ниту 10 пратеници на следните парламентарни избори.

„За да не си ги горите кадрите, има место за сите, ќе дојде време. Дај Боже да дојде време, и локална и извршна власт да земеме, ќе немаме кого да ставиме, оти има многу функции. Има многу директорски, раководни позиции. Ова е списокот, кој што вашата претседателка, на која јас ќе и дишам во врат кога ќе ја добиеме локалната власт, а се надевам ќе ја добиеме, да се праша секоја една која што е овие 3 и пол години присутни, што и треба. Мене многу и не ми значи во Пробиштип кој ќе биде градоначалник. Се знае дека Скопје е метропола на Македонија и Скопје ги дефинира политичкиот, социјалниот, културниот, живот на Македонија. А знаете што ќе се случи ако изгубиме? Јас не го сакам тоа сценарио, но ни тропка на врата. Ни грепка. На парламентарните ќе доживееме потоп. Нема да имаме 10 пратеника. Народот комплетно ќе се демотивира, и онака е демотивиран. Значи, јас да гo вратиме нашето гласачко тело, оние 450 велелепни илјади, не ми требаат ни неопределени, ни комуњари, а тие сами ќе приоѓаат“, се слуша во аудио материјалот.

„Значи Бутел е на раб да му се случи она што му се случи на Чаир. И кога бевме во посета, кога бевме со Магде во Бутел, ме израдуваа членките и претседателката на Бутел, дека ветено е дека ќе има некаква национална стратегија за Бутел. Луѓето, Албанците, масовно се селат од Чаир во Бутел, ги менуваат личните карти, инвеститори градат исклучиво Албанци, таму Македонец не смее да купи стан. Значи, нè продаваат. На раб се да ја сменат етничката карта на Бутел. Иако ние на градско ниво не направиме исти стратегии, а има решение, има решение, не дека нема, ние го изгубивме тој дел на Скопје“, се слуша во снимката.

„Сведок сте што се случува со Треска во моментов, спортско рекреативниот центар кој што е изграден од придонес од 0.2 отсто од сите скопјани. Инвестиција од 200 милиони евра е во прашање. Турчин! Нема спортско рекреативен центар, има трговски молови, хотели, казина. Сите бизниси од гостиварските и тетовски села ќе дојдат на 2 минути до Скопје. Цело Косово ќе ни биде овде преку викенд. И ќе ја изгубиме демократијата онака едноставно како што ќе ја изгубиме Македонија, македонскиот јазик, се она што го зборуваше Никола Груевски наназад низ годините, се се исполни. Остана уште федерализација и камповите на бегалците. Тоа ќе се случи доколку ги изгубиме локалните избори. Ќе ни ја сменат етничката карта на Македонија“, се слуша нас снимката.

„А1он“ се обиде, но не ја доби Јелена Жугиќ, за да даде одговор дали нејзиниот глас е на снимката и дали истата е автентична, како и каде е направена.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Град Скопје: Дали најавите на Мицкоски за набавка на нови автобуси се причина за блокадата на Скопје од советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски