Николов: Екстерното тестирање да биде пробно пет години

Од:

Поради големиот број на крајно негативни реакции на родителите, учениците и наставниот кадар по однос на спроведеното екстерно тестирање кои се однесуваа на слабата организација на екстерното тестирање, пробиените тестови по екстерно тестирање, нефункционирањето на софтверот, прашањата поставени на други странски јазици, бројните „технички грешки“, пратеничката група на СДСМ ќе поднесе предлози за изменување и дополнување на законите за основно и средно образование со кое бараат:

1. Екстерното тестирање во наредните пет години, почнувајќи од оваа година, да се спроведува како пробно екстерно тестирање и резултатите од истото да не влијаат на средниот успех на ученикот, а наставниците да немаат никакви последици од истото;

2. По истекот на петте години, резултатите од екстерното тестирање да влезат во оценката од интегралната евалуација на училиштата, а не во средниот успех на учениците и да нема последици по наставниците, чиј квалитет со интегралната евалуација веќе еднаш е оценет врз база на повеќе параметри, а не само врз база на резултатот од екстерното тестирање.
Сметаме дека со овие законски измени ќе се остави доволно време да бидат отстранети сите недостатоци кои се појавија оваа година. Исто така, ќе се придонесе екстерното оценување да има дијагностичка компонента, како што е во најголем број од земјите во кои се спроведува, а не инспекциска и казнена компонента, која предизвикува дополнителни нервози и стресови кај родителите, учениците и наставниот кадар, како што е тоа во моментов кај нас.

Го прашуваат Министерството за образование и наука:

1. Како може учениците по еден ист предмет да имаат две оценки кои влијаат на средниот успех?

2. По кој закон на учениците кои на екстерното тестирање добиле единици, истите ќе им бидат пишани во свидетелството и ќе се смета дека тие ученици успешно ја завршиле училишната година?

3. Како може некои наставници со екстерното оценување да бидат оценувани по еден, два или три предмети, а некои наставници по ниту еден?

Би можело да ве интересира

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он

(ВИДЕО) Манасков: Булинг, ножеви и тепачки во училиштата, СДСМ бара одговорност од Јаневска и директорите

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда