„Во Струга нема што да се урива“, Мерко не знае што е зелената агенда на Ахмети

Од:

Нема што да се урива во Струга. Ваков е ставот на тамошниот градоначалник Рамиз Мерко, и по најавата на ДУИ за спроведување на политики за еколошка правда и квалитетен живот. Мерко останува на ставот дека градот нема дивоградби за да се уриваат, па на тој начин да се даде придонес кон зачувување на УНЕСКО статусот, а со тоа, и кон здравата животна средина како нов концепт на неговата партија. Како концептот на ДУИ ќе се спроведе во Струга, не знае ни Мерко.

„Отворено да ви кажам, секогаш сум кажувал дека инсистирате секогаш за нешто што го нема. Се друго, не знам каква е агендата на ДУИ во овој поглед. Не ме информирале, немаме никаква информација“, вели Мерко за „А1он“.

По неколку дена криење на „изненадувањето“ најавено од Ахмети, тој соопшти дека партијата со која раководи ќе започне политики за квалитетен живот и еколошка правда. Презентирањето на овој концепт е за време на Светскиот ден за заштита на животната средина.

Ахмети во своето обраќање посочи дека не само тој, туку и неговите соработници ќе бидат посветени на овој концепт. Во неговите редови е и бизнисменот и поранешен советник од ДУИ во Охрид, Нефи Усеини, кој засега поседува две дивоградби во охридскиот регион. Но, нема одговор дали зелената агенда ќе опфати и уривање на овие бесправни градби.

Во својот говор, Ахмети ја спомена и Грета Тунберг, за која кажа дека го обиколила светот со аларм за климатските промени и еколошката катастрофа. Па така, ДУИ, според кажувањата на Ахмети, ќе се залага за безбедна и здрава иднина.

Би можело да ве интересира

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски