На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 245.413 граѓани информираат од Министерството за здравство. Прва доза вакцина вчера примиле 1.255 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.282 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 384.466 дози вакцини, а ревакцинирани се 139.053 граѓани.
Со последните бројки 48 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, и 35 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Преку веб платформата vakcinacija.mk досега за вакцинација се пријавиле 440.213 граѓани.