Извршителите се пофалија: Граѓаните и фирмите се финансиски дисциплинирани, тоа е наша заслуга

Од:

Комората на извршители на РСМ денеска одбележа 15-годишен јубилеј, на свеченост на која беа истакнати видните резултати на извршителите, но беше потенцирано дека не се доволно платени за нивната работа. Сѐ помалку интерес има за извршителската професија, беше речено.

– Резултатот од реализираните предмети во нашите канцеларии сведочи колку во овие изминати 15 години успеавме да ги совладаме препреките со коишто се соочуваме. Ефикасноста која се постигна со воведување на приватното извршување беше забележана и од страна на Европската Унија. Ќе бидам скромен кога ќе кажам дека имаме многу на што да се гордееме во овие изминати 15 години, истакна претседателот на КИРМ, Ванчо Марковски.
Тој нагласи дека резултатите од реализираните предмети во нивните канцеларии сведочат колку во овие изминати 15 години успеале да ги совладаат препреките со коишто се соочуваат.

Ефикасноста која се постигна со воведување на приватното извршување, рече Марковски, беше забележана и од страна на Европската Унија.

– Ќе бидам скромен кога ќе кажам дека имаме многу на што да се гордееме во овие изминати 15 години. Благодарение на нас, извршителите, финансиската дисциплина на граѓаните и на правните лица е на многу повисоко ниво, нагласи претседателот на КИРМ, истакна Марковски.

Тој наведе дека РСМ бележи позитивни оценки во делот на привлекување странски инвеститори поради индексот на сигурност при склучување на договорите за инвестирање во нашата држава.

– Сепак, морам искрено да забележам дека без оглед на сите позитивни резултати кои ги испорачавме во државата, наградата за сработеното, од година во година, е се пониска и пониска. Тарифата за нашата работа, посебно во овие неколку последни години стана горлив проблем, при што и интересот за вршење на оваа професија е намален, потенцираше Марковски.

Министерот за правда Бојан Маричиќ на одбележувањето на јубилејот нагласи дека Министерството за правда будно го следи функцинирањето на системот за извршување, и тоа како од аспект на ефектите од извршувањето, така и од аспект на успешноста на работата на извршителската должност.

-Поаѓајќи од цврстата определба на Владата за целосна интеграција на земјата во ЕУ, улогата на извршителите има значајна улога во однос на спроведување на законската регулатива, но исто така и во правилното и навремено извршување на судските одлуки, што е поврзано и со стабилноста на нашиот пазар, на економскиот систем и на државата во целина, рече Маричиќ.

Министерот за правда истакна дека сумирајќи ги резултатите од 15-годишното делување на Комората, можеме слободно да заклучиме дека е постигнат навистина голем напредок.

– Доказ за тоа е и последниот извештај на Европската Комисија во кој нема забелешки ниту препораки во однос на концептот на извршување, што е своевидна потврда за успешноста на системот, додаде Маричиќ.

Би можело да ве интересира

ОЈО Кичево ќе вложи жалба за определената мерка претпазливост за извршителката за Кичево што нападна новинар и полицаец

Комората на извршители го осудува попречувањето на извршувањето спроведено од извршителката Јакимовска од Гостивар

Граѓаните бараат извршителите да ги почитуваат законските измени со кои долговите застаруваат

Глигорова: Извршителите веќе втор месец не постапуваат по новите измени во Законот за облигациони односи

Адвокати, нотари извршители за пет години наплатиле осум милиони евра од ЈП Водовод Скопје, утврди ревизијата

Орце Костов

Нема спас од извршителите: Освен од банка, сега ќе може да им ги земат парите на граѓаните и од штедилница

Орце Костов