Лиса Тарнер (44 години), се исповедала за својата приказна, како учителот ја злоставувал кога имала 12 години, а тој 26.
Тој бил наставник по музичко, а таа била во хорот. Кога наполнила 13 години, почнала да зема часови за пеење и гитара, а тој и дал телефонски број да му се јавува. Односот им се променил кога го напуштила девојката, па почнал да ја носи на состаноци.
– Првиот пат ме однесе во Мекдоналдс на ручек. Потоа возеше, ме однесе на едно ридче и се паркираше. Се бакнувавме, и јас го допрев. Потоа имаше уште многу приватни часови, разговори по телефон и излегувања. Кога наполнив 14 години, имавме часови во неговиот дом. Мајка ми плаќаше во 20 долари за часови за гитара, а јас добивав лекции за секс – објаснува Лиса.
Тие пробале да имаат секс кога таа имала 13 години, но била премногу млада за пенетрација, па учителот ја научил да го задоволува орално. Една година подоцна имале и секс.
Учителот и ученичката почнале да живеат заедно во стан во Лондон, но набрзо нивната врска почнала да пропаѓа. Тој барал од неа да се однесува детинесто, да се игра со барбики и мечиња. Тој станал насилен, и физички и сексуално. Кога наполнила 19 години, го напуштила.