Владата молчи за дебаклот на министерскиот совет на Европската унија, кој се одржа вчера во Луксембург.
На тоа што Македонија воопшто нема да биде на дневен ред на Самитот на лидерите во петок, реагира единствено Демократската унија за интеграција.
Од партијата на Ахмети за 24 Вести изјавија:
„Исходот на Самитот треба да биде мобилизирачка сила за општеството да се освести дека без јасна решителност за компромиси и посветеност нема безбедна иднина (читај НАТО) и економска благосостојба (читај ЕУ). Време е да се седне наредниве месеци директно да се разговара за предлогот на Нимиц и да се најде решение до декемврискиот самит“, велат од ДУИ.