ДУИ го осудува антиевропското насилство на проруските елементи

Од:

Демократската унија за интеграција најостро го осудува насилството и антиевропските инциденти што се случија вечерва на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Левица пред зградата на Владата и Собранието.

„Граѓаните вечерва беа сведоци на обидот да се повтори сличниот напад врз највисокото законодавно тело во државата како на 27 април 2017 година од политички партии и поединци кои воопшто не размислуваат за иднината на граѓаните и на Република Северна Македонија. Во решавачките моменти за државата, во моментите кога се пишува историја и се поставуваат темелите на европскиот пат, Демократската унија за интеграција ги уверува институциите и граѓаните дека нема да дозволи во ниту еден момент да скршне од патот на Евро-американско пријателство и европската интеграција.

Проруските партии кои водат насилни протести против евроинтеграциите ја спроведуваат агендата на Москва за дестабилизација на земјата и регионот, но за среќа овие помали партии немаат поддршка од граѓаните.Ги повикуваме политичките партии во земјата кои се назначени за европска Македонија, да се оградат од овие деструктивни агенди и да работат заедно за интеграција во Европа со целосно почитување на идентитетот, културните и јазичните карактеристики на сите нас“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Мајка од струшко село осомничена за „запуштање и малтретирање дете“

Хорор во Тетово: Насилна мајка го удираше своето тримесечно бебе од асфалт

Горан Наумовски

48-годишен маж со лопата и со нож нападна полициска патрола

Наставничка е нападната додека држеше родителска од мајка на ученик

Горан Наумовски

Скопјанец е осомничен за физички напад, силување и закани кон 22-годишна жена

Горан Наумовски

26-годишен маж е претепан од неговата поранешна сопруга