Блинкен за Си-Ен-Ен: Русија да запре со кибер нападите од своја територија

Од:

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека Русија мора да престане со кибер нападите за кои Вашингтон вели дека се вршат од нејзината територија. Текстот на интервјуто на Блинкен е објавен на интернет страницата на американскиот Стејт департмент.

„Мислам дека должност на секоја земја е да стори се што е во нејзина моќ за откривање на таквите криминални групи и нивно изведување пред лицето на правдата, вклучувајќи го и случајот со кибер нападот врз гасоводот „Колонијал“. Групата одговорна за овој напад и нејзините водачи дејствуваа од Русија и тие се во Русија, па мислам дека е одговорност на Русија да осигури дека тоа нема да продолжи“, рече Блинкен.

Државниот секретар додаде дека американските власти и американскиот приватен сектор треба да ја засилат својата одбрана од кибер нападите.

„Но, ние имаме потреба од земји ширум светот кои ќе преземат обврски и потоа ќе ги исполнат тие обврски – не да ги засолнуваат криминалните заедници вклучени во вакви хакерски напади, туку напротив: да ги бараат, да ги запрат и да ги изведат пред лицето на правадата“, додаде Бликен во интервјуто за Си-Ен-Ен, пренесено на интернет страницата на Стејт департментот.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте