Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска побара од Владата да им овозможи бесплатна вакцинација во Србија на сите македонски граѓани, со вакцина по свој избор.
Како што пишува Б92, Вучиќ практично побарал македонските државјани да добијат отстапка од Владата и да добијат статус еднаков на домашните жители, како што Србија вчера направи и за граѓаните на БиХ.
Од вчера, сите државјани на БиХ можат кога било и секаде во Србија да се вакцинираат и да добијат сертификат.
„Потполно бесплатно можат да се вакцинираат и да им биде издаден сертификат, како и граѓаните на Србија,“ изјави вчера Вучиќ, истакнувајќи дека Србија има доволно вакцини, како и дека во последните три недели земјата успеала да вакцинира уште околу 650.000 граѓани.