Во Велес досега вакцинирани над 3.000 граѓани

Од:

На Пунктот за масовна вакцинација сместен во спортската сала на ССОУ „Коле Неделковски“ во Велес, од почетокот на масовната вакцинација против Ковид-19 од 25 мај до вчера се вакцинирани 3.098 лица од градот и општината, како и од општините Градско, Чашка и Лозово. Од нив, 1.005 лица примиле прва доза од вакцината на „АстраЗенека“ и 2.093 прва доза од кинеската „Синофарм“. На сите им бил закажан и термин за ревакцинација.

Вакцинацијата досега се одбива во најдобар ред и без проблеми, а за вакцина се јавуваат лицата кои се пријавиле и добиле покана преку вакцинација.мк , информира за МИА, ,д-р Марина Тодоровска, координатор на Пунктот за масовна вакцинација во Велес.

-Во изминатите неколку дена се вакцинираа лица помеѓу 60 и 50 години, потоа помеѓу 50 и 40 годишна возраст. Сега сме во очекување на нова пратка вакцини и масовната вакцинација продолжува утре, кога на список за вакцинација ќе бидат и лица пријавени под 40 години, најави д-р Тодоровска.

Воедно, информира дека на пунктот во Здравствен дом Велес, деновиве со втора доза вакцина односно биле ревакцинирани 387 лица со „Синофарм“. Ревакцинацијата понатаму до крајот на месецов ќе продолжи со втора доза „Астра Зенека“.

Би можело да ве интересира

Насилник од Велес им избега на шест полицајци, иако еден од нив пукал во воздух за да го исплаши

Петгодишно дете од Велес е повредено во сообраќајка, итно е пренесено на скопските Клиники

Тројца повредени во сообраќајка во близина на Велес

Планинарот Пецевски по кој се трагаше е пронајден мртов

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

Велешанец е најден мртов во неговиот двор со траги од крв по главата