Нова трагедија: Почина Марко Божиновски, 20-годишен ракометар на Металург

Од:

Само неколку дена откако животот трагично го загуби ракометниот голман Никола Даниловски, уште една трагедија ја потресе македонската спортска јавност – почина Марко Божиновски, перспективен 20-годишен ракометар на Бутел и младински репрезентативец на Македонија, кој поникна во школата на Металург.

„Меѓу нас веќе го нема Марче, Марко Божиновски, кој почина на свои 20 години. Златното дете на Металург, во кој никна и го разви својот раскошен талент. Овде ги мина сите старосни категории, од овде го даде и својот допринос во соодветните селекции на Македонија. Последните две години ги мина во екипата на Бутел Скопје, за кој вчера го одигра својот последен натпревар и ги постигна своите последни голови“, велат од Металург.

„Марко, Металург вечно ќе те памети, твојата младост, твојата ведрина, твојот талент… Почивај во мир. Сочувство до семејството“, напишаа од РК Металург на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ